x

Мурињо „пикираше“ лев бек од Бенфика

Жозе Мурињо ја заврши потрагата по лев бек. Португласкиот стручњак на Тотенхем го пикираше Алекс Грималдо од Бенфика.

Овој фудбалер во португалскиот тим дојде во 2016 година од Барселона, а со својот офанзивен стил остави голем впечаток.

Бенфика за Грималдо вара 35 милиони евра, оваа сума не би требало да биде проблем за Тотенхем дури и во време на коронавирус.

Неофицијално, премиер-лигашот планира да им се заблагодари не неколку играчи, меѓу нив и од одбраната, па Мурињо ќе може да го реализира овој трансфер.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата