Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо се претстави во нова, непозната досега светлина, тврдат таблоидите на Островот. Откако ја освоија шампионската титула во Премиер, во саботата Португалецот имал многу разбранувана ноќ. На патот за “Стемфорд Бриџ” Мурињо ги зел во колата жена си Тами и двете деца – Матилда (9 г.) и Жозе (5 г.). Среќното семејство присутвувало на церемонијата на доделувањето на призанието на тимот. Веднаш по ова грижливиот татко го испратил личниот возач да ги врати децата дома, а Жозе и Тами се оддадоа на празнување низ англиската престолнина. Најпрвин обајцата заминале на вечера со Џон Тери и Френк Лампрад и нивните поубави половини. Откако на португалскиот тренер и неговата сакана друштвото на двајцата фудбалери им стана здодевно, семејството Мурињо заминале во ноќниот клуб “Елисиум”. Веселбата завршила во раните утрински часови во неделата, на друго место во западен Лондон. Сведоците тврдат дека за цело време Жозе Мурињо не претстанувал да ја бакнува и прегрнува сопругата по многуте испразнети чаши.