x

Мурињо до играчите: „Морате да бидете шупци на теренот и тоа паметни шупци, а не глупави“

Исечок од документарецот за Тотенхем од компанијата Амазон се појави на интернет. Во видеото, менаџерот на екипата Жозе Мурињо  им држи лекција по фудбал на играчите.

Можеби грешам, но искрено, вие сте група на одлични фудбалери. Но никој не е одличен 90 минути. Затоа на теренот морате да бидете шупци и тоа паметни шупци, а глупави“, вели Мурињо.

Тотенхем е на седмото место на табелата во Премиер лигата на две кола до крајот.

А Португалецот не е задоволен што Амазон снима документарна серија за клубот.

Се обидувам да го заборавам тој период. Ако ме прашате мене за тоа дали може да се снима, јас би рекол НЕ. Не сакам да учевствувам во ’Големиот брат’. Не знам што се ќе искочи на виделина. Нема кратење, нема продукција, се е реално. Тоа е убаво за нив, за гледачите, затоа што го покажува животот на еден клуб и што се случува во канцелариите. А дали ќе ја гледам серијата? Не, не, никако“, изјави Португалецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата