x

Мурињо го убедува Бејл да се врати во Тотенхем

bejl-karantin

Тотенхем сериозно размислува да му понуди договор на напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл. Директно за овој трансфер е заинтересиран менаџерот на Спарси, Жозе Мурињо, кој сака го врати Бејл во Лондон и да добие исклучително засилување во новата сезона.

Претходно стана јасно дека Реал е подготвен да учествува на трансфер пазарот со 17 свои играчи, меѓу кои и Бејл. Агентот на Бејл, истакна дека велшкиот фудбалер нема намера да го напушти мадридскиот клуб, но Мурињо деновиве бил во контаткт со него, во обид да го разубеди.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата