“Мундијалот” во 2014 г. во Јужна Америка
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Јозеф Блатер изјави дека “мундијалот” во 2014 година ќе се одржи во Јужна Америка. “Зазедовме став во ФИФА дека СП 2014 година треба да се одржи во Јужна Америка”, изјави Блатер на прес-конференцијата за светското фудбалско првенство за играчи до 20 години, Јужноамериканскиот континет бил домаќин на четири светски првенства меѓу кои и на првото во 1930 година во Уругвај. “За последен пат во Јужан Америка СП се одржа во 1978 година во Аргентина и не треба да заборавиме дека петкратниот светски првак Бразил е од тој континент, а другите две репрезентации Аргентина и Уругвај по двапати ја имаат освојувано светската титула”, истакна Блатер. Претседателот на ФИФА не ја исклучи можноста Аргентина и Чиле да поднесат зедничка организација, идеја што беше поддржана пред многу години, но подоцна е заборавена. Тоа ќе одговара на практиката од последниве години: Евро 2000 во Белгија и Холандија, СП 2002 во Ј. Кореја и Јапонија, Евро 2008 во Швајцарија и Австрија. “Некои мислат дека домаќин треба да биде Бразил, но и другите федерации можат да се кандидираат. Во 2002 “мундијалот” го одржавме со двајца организатори, зошто да не го повториме тоа и во 2014 години”, дополни Блатер.