Во вакви вонредни услови потребни се итни мерки за поддршка за економијата – вели Живко Мукаетов во интервју за тв 24 првиот човек на фармацевтската компанија Алкалоид. Граѓаните да бидат спокојни – има доволно лекови и средства за дезинфекција.

Партиите треба да седнат и да изградат заеднички пристап за реални програми за помош на мали и средни компании кои се најпогодени од оваа криза да им се помогне и да опстанат и тие и вработените. Мерки за помош треба да има, и тоа ќе го чини буџетот но, мора да им се помогне на малите и сердни компании за да се спречи економската криза, изјави Мукаетов.