Мирсад кериќ, музичарот кој почина по страшната несреќа која ја доживеа со кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, не требало да биде во автомобилот на смртта.

Клавијатуристот кој зад себе остави сопруга, два сина и ќерка, не требало да оди на настап, но Шабан го замолил да одат заедно.

Неговата сопруга вели дека 17. години работеле и се дружеле со Шабан.

– Не требаше овој викенд да оди на настап, но Шабан го молеше. Само нему му веруваше, а тој прифати, вели неговата сопруга за српскиот Курир која е скршена од болка.

Музичарот почина во болница и покрај напорите на лекарите.