Музичарите најавуваат протест пред Влада, кој е најавен за недела во 12 часот. Како што велат целта е СПЛОТУВАЊЕ И ИЗРАЗУВАЊЕ РЕВОЛТ СО ПРОТЕСТ ВО НЕДЕЛА (денот е одбран заради тоа што сите се дома, и ни треба поткрепа од медиумите, а можеби нема да е само овој протест, ќе има и втор протест со инструментите во рака) на 28.06.2020 ВО 12:00ч ПРЕД ВЛАДАТА ВО СКОПЈЕ!!! “ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО”

Во објавата, односно повикот за протсет пред Влада, а која кружи по социјалните мрежи уште стои:

П.С – Тагирани се максимално дозволени 50 лица од различни градови, кои мислиме дека делуваат брзо ефикасно и имаат став, даден збор и авторитет во нивните бранши.
Објавава МОРА да се сподели и прошири во максимален брз период, заради поголема организација до протестот во Недела пред Владата на Република Македонија!!!
Поддршката од пријателите, роднините и останатите фанови на сите естрадни уметници ни е потребна, истотака и од сите засегнати гранки кои неработат а се во критична состојба, затоа ги покануваме на заедничка сплотеност во што поголем број!!!

Иницијативата за враќање на музичките настани на музичарите и музичките работници , МУЗИКА – СЕГА!! и нејзините (до денеска вклучени) 1400 членови, најостро реагираат на последните одлуки на Владата, објавени во последниот Службен Весник, објавен на 23ти јуни 2020 година, со кој сеуште се забрануваат секаков тип на организација на музички настани на отворен или во затворен простор во угостителските објекти за исхрана и покрај фактот што последните 15-тина дена, се донесени многу мерки со кои се укинуваат претходните ограничувања за добар дел од секторите од индустријата (барови, теретани, казина, отворање на границите без потребни ПЦР тестови и задолжителна самоизолација и сл.)
Истата одлука се содржи во член 14 и 15 од делот кој се однесува на угостителските објекти за исхрана.
Во писмото со протоколите кое е објавено пред некој ден од самата Иницијатива се предложени многу мерки, во согласност со препораките на СЗО и локалните релевантни фактори за зачувување на општото здравје и спречување на ширењето на вирусот Ковид 19 а со цел – ИТНО враќање на музичките настани под одредени протоколи!
Бараме итна средба со одговорните за носењето на мерки и одлуките со кои е направен овој пропуст кој оди директно на штета на илјадници музичари и музички работници кои деновиве се борат со проблеми од егзистенцијална природа по затворањето или ограничувањето на можноста слободно да работат и заработуваат а директно поврзано со донесените рестриктивни мерки и нивното олеснување, за кој, очигледно за сега – се нема слух!
МУЗИКА – СЕГА!

На денешната средба било најавено разгледување, но останува дилемата околу тоа што ќе се разгледува?!