Министерството за одбрана одлучи групата од девет музиканти сместени во групниот карантин во Пепелиште да ги премести во Заводот во Демир Капија. Ова следува откако тие вчера бурно реагираа на условите во Пепелиште, односно лошата хигиена.

Штом биде завршен нивниот медицински преглед, тие ќе бидат однесени во новиот карантин.

„Министерството за oдбрана ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, ќе бидат преместени на нова локација. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија“, информираат од Министерството за одбрана.

Тие повторуваат дека карантинот во Пепелиште е само привремен простор.

извор: Makfax