x

Муарем Муарем ново име во Работнички

Сензационален трансфер во Градски парк! Искусниот Муарем Муарем се враќа во таборот на Работнички откако ќе ја одлежи казната поради допинг,  „заработена“ во дресот на Шкупи пред две години. Последен натпревар му беше Шкупи-Глазгов Ренџерс, а на 24 јули му истекува казната и веќе следниот ден ќе му се приклучи на Работнички.

Инаку Муарем пред десеттина години играше за овој клуб. За репрезентацијата на Македонија одигра седум натпревари.

Муарем играше уште за Тетекс, Ордуспор, Карабах, Ескишехир, Актобе, Фљамуртари…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата