x

Муарем Бајрами – тренер на Шкупи: Ќе ја бараме нашата шанса на мечот со Нефчи!

muki-bajrami

Ако се играше во Скопје, ако Шкупи му беше домаќин на Нефчи веројатно шансите на чаирчани да патуваат во следната фаза од квалификациите во Лигата Европа ќе беа поголеми. Но, што е тука е.

Нефчи – Шкупи се игра во Азербејџан и тоа на 27 август.

Муарем Бајрами, тренерот на чаирчани за СПОРТМЕДИА ја коментира денешната ждрепка во Нион.

Од четири наши екипи дури три патуваме во Азербејџан, и сами да ги биравме ривалите, ние Шкупи, Силекс и Шкендија, немаше такво нешто да одбереме. Сепак таква била нашата среќа. Нефчи можеби е во предност зошто ќе играме дома, но ние ќе си ја бараме нашата шанса, тука нема дилеми, бидете уверени во тоа. Има време до 27 август да се спремиме што подобро, да го анализираме противникот. Шкупи и со Пјуник и со Глазгов Ренџерс во последните две години, иако бевме елиминирани, покажа дека знае квалитетно да одигра на овие европски натпревари. Ветувам само жестока борба, па ќе видиме што ќе се случи, исто така Шкупи има намера достојно да го презентира македонскиот фудбал ова лето во Европа“ ни изјави Бајрами.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата