x

Муарем Бајрами: Искрено, како тренер не сакам вакви инфаркт натпревари…беше ЛУДО!

bajrami-nova

И во Македонија се играло фудбал со многу голови, шанси, прекрасни акции, “стрелање“ од 35 метри. И во Македонија, а попладнево на Чаир, се играло фудбал за паметење. Шкупи со 4:3 ја победи Ренова во меч од 6.коло во ПМФЛ.

Коментар по натпреварот за СПОРТМЕДИА има Муарем Бајрами, тренерот на чаирчани.

Навистина беше лудо и незаборавно. Искрено како гледач обожавам вакви мечеви, но како тренер никако. Ова е премногу стрес за оние кои се на тренерски клупи. Секако дека сум среќен по една ваква победа, честитки за момците. Сепак има некои елементи кои мораме да ги поправаме. Ако примиш три гола како домаќин значи не било се идеално. Од друга страна важни се трите бода, ние успеавме да се вратиме по тие шокантни 2:3 за Ренова, на крај дојде наградата за нашиот напор со голот на Нето во последните секунди. Се гледа дека добро сме работеле изминатата недела по она лошо издание на Арената кога загубивме од Вардар. Да заклучам, добро е, победивме, но мора некои слабости да ги поправаме. Да кажам и тоа дека сум среќен за одличниот настап на младиот Јакуп Бериша, кој асистираше за првиот наш гол, а вториот беше негово дело“ истакна Бајрами.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата