Прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ претставува манипулирација со јавноста преку тенденциозно погрешно толкување на законите. Законот не ги обврзува функционерите да поднесуваат извештај за имотната состојба на нивните неформални партнери како што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја излаже јавноста и не постои можност за поразлично толкување на одредбите од овој закон, реагира Министерството за труд и социјална политика, на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Царовска го крие имотот на невенчаниот сопруг.

„Министерката Царовска уредно го има пополнето својот имотен лист и пријавено својот имот и имотот на нејзиното семејство. Иако законски не е обврзана, министерката Царовска заради транспарентност кон јавноста околу имотот на неформалниот сопруг во најбрз можен рок ќе го пријави во анкетниот лист во Државната Комисија за спречување на корупција. Тој во своја сопственост има една гаража од 25 метри квадратни и една парцела земја во кочанско од 1.000 метри квадратни“, велат од МТСП.

извор: Makfax