Доцна синоќа некаде околу 20: 55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на ул.„Браќа Чакреви“ во Скопје бил пронајден починат В.Ч.(51). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.