x

Мрме одлучи: Пандев во шпицот, Џани како лев бек, Трајковски стартер…

На неполни два часа пред почетокот на мечот, селекторот Игор Ангеловски по многу премислување, со оглед на повредата на Кире Ристевски и стомачниот вирус на Стефан Ристовски, конечно се одлучи за стартните единаесет.

Капитенот Горан Пандев се враќа меѓу стартерите откако на негово барање не го започна мечот со Ерменија, а Езгјан Алиоски по подолго време ќе игра како лев бек во репрезентацијата. Стефан Ристовски е тука, а во офанзивата го нема Илија Несторовски.

Шишковски е на голот, формацијата е 4-2-3-1, па така во одбраната ќе бидат Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, во дефанзивиот дел од средниот ред Адеми и Спировски, десно во нападот Трајковски, во средината Барди, а лево Елмас, и во самиот шпиц капитенот Пандев.

Ова е составот со кој Мрме ќе му се спротистави на својот колега од спротивниот табор Владимир Вајс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата