“Мрзлива жена“, најбрза овошна бисквит-торта

Ви се допаѓа ли името или не, едно се сигурно, се подготвува едноставно, а нејзиниот вкус е одличен…
Состојки:
• 1 кгр бисквити
• 1 л. јогурт
• 1/2 шоља млеко
• 4-5 лажици шеќер ( • 400 гр. смрзнато или свежо овошје
• 1 шалг
Подготовка:
Искршете ги бисквитите со рака што посино, потоа додадете го јогуртот, млекото и шеќерот. Сето тоа добро измешајте и оставете го малку бисквитите да омекнат. Формирајте торта во форма која ја сакате, а потоа одозгора ставете го овошјето.
Изматете го шлагот, премачкајте ја тортата и ставете ја во фрижидер да се олади и стегне.
По желба можете на површината на тортата да изрендате чоколадо или шарени мрвички.