x

МОЌНО ВРАЌАЊЕ: Ливерпул постигна 6 гола на првиот тест по пандемијата

Лидерот во англиската Премиерлига, Ливерпул го совлада Блекбурн Роверс со 6:0 во првиот контролен меч одигран по пандемијата со коронавирусот. Средбата се одигра зад затворени врати на „Енфилд Роуд“.

Битката во Премиерлигата ќе биде продолжена следниот викенд, кога екипата на Јирген Клоп ќе гостува кај Евертон на „Гудисон парк“.

Наби Кеита, Садио Мане, Такуми Минамино, Жоел Матип, Ки Јана Ховер и Кларксон беа стрелци на по еден гол за Ливерпул на денешниот тест против Белбурн. Лоша вест за навивачите на „црвените“ е повредата на Алекс Окслејд Чембрлен. Тој денеска го повреди глуждот и ќе биде неизвесен за гостувањето на „Гудисон Парк“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата