Наставниот кадар на Европски универзитет е висококвалификуван, стручен и што е најбитно за студентите секогаш достапен. Професорите ни малку не се штедат да ни го пренесат своето знаење. А сето ова придонесува за побрз и поквалитетен тек на нашето усовршување. Тоа го вели Тамара Маркова од Факултетот за економски науки при Европски универзитет – РМ (ЕУРМ).

– Основен предизвик за мојот избор на Економскиот факултет при Европски универзитет беше студиската програма која нуди одлична настава што не е ни малку различна од западните универзитети. За Европски универзитет се информирав на саемот за образование каде што ми беа презентирани условите и можностите кои се нудеа за студирање, вели Маркова.

Таа додава дека ЕУРМ организира одлична практична настава бидејќи теоријата без пракса не оди, тоа мора да е избалансирано.

– Секоја година имаме едномесечна пракса. Претходните години бев на пракса во една банка, поточно во ХАЛК БАНКА а.д. Гевгелија, каде што беше многу поучно и интересно! Многу работи за кои имав слушнато ми беа практично објаснети, научив многу работи кои ќе ми бидат потребни во животот. Како прва цел ми е да ги завршам додипломските студии. Меѓутоа нема да застанам тука, ќе продолжам на постдипломските студии на ЕУРМ, објаснува Маркова.

Како што вели, професорите се постојано достапни за студентите.

– Она што е посебно добро е што се работи во мали групи на студенти, така професорот може индивидуално да се посвети на секој студент. Всушност, тоа е разликата помеѓу Европскиот универзитет и другите високообразовни институции. Образованието и личниот развој би требало да бидат на прво место на секој поединец. Под образование се подразбира процес на стекнување знаење, навики, правила на однесување, процес на социјализација и воспитување. Образованието е најважна алатка за остварување на тоа што го посакуваш, кажува Маркова.

Нејзиниот сон, како што вели, е да биде успешна во тоа што сама ќе го постигне.

– Сакам да имам успешна кариера и не само што сакам, работам интензивно на тоа. Првиот чекор кон успех беше одлуката моето образование да го започнам на Европскиот универзитет. Имам уште една година од додипломските студии. Моите планови се насочени кон реализирање на образовните и професионалните знаења и вештини за започнување и градење на професионална кариера во областа на економијата. Би им порачала на младите да го продолжат своето образование, внимателно да одберат што сакаат и во што ќе се пронајдат за да може да имаат поголема конкурентност на пазарот, истакнува Маркова и додава дека за неа вистински предизвик но и задоволство, да се изучуваат претставуваат финансиите, односно финансискиот менаџмент, банкарството и ревизијата.