Во продажба нема увезено млеко со афлатоксини, тврди Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија.Според нив од увезените млека од Србија спорна е единствено одредена количина од производот “МОЈА КРАВИЦА 2,8%ММ”, со рок на траење до 14 август годинава, од производителот ИМЛЕК Белград.

-Целокупната увезена количина се наоѓа во магацините на увозникот, што значи дека спорниот производ не е пуштен во промет-велат од Агенцијата.
Истовремено Агенцијата информира дека утврдила зголемено присуство на афлатоксинот М1 во хрватското “Млеко Дукат УХТ 2,8%ММ” +7 витамини од еден литар, со рок на траење до 19 април годинава.Целата количина од овој производ (околу 2.000 литри), се наоѓа во магацинот на увозникот, односно воопшто не е пуштена во промет и истиот, согласно законската процедура ќе биде уништен. Останатите производи од наведената пратка (вкупно 35) се исправни и тие ќе бидат пуштени слободно во промет.

(В.Ма.)