Наташа Беквалац која неодамна го промовираше новиот албум “Оригинал” во едно интервју открила дека нејзината ќерка Хана и е најважната личност во животот и дека е во состојба да направи се за малата наследничка да биде среќна и задоволна.

Хана е опкружена со љубов, а тоа е најважно додека расте едно дете. Таа е среќна, а мене тоа ми е најважно. Јас сум горда мајка и сметам дека со Данило сме супер родители. Иако не сме во брак и имавме проблеми, успеавме да ги надминеме сите несогласувања и сега функционираме одлично, а причина за тоа, секако, е Хана за која и двајцата сме во состојба да направиме се само за да ја задоволиме”, открила новосадската барбика која во моментов е мажена за екс ракометарот Љуба Јовановиќ.

Мир, стабилност и најголема поддршка добивам токму од моето семејство. Многу ми е важно мојот сопруг да стои зад секоја моја одлука. Љуба е најдобар”, потенцирала Беквалац.