x

Мошири го загуби трпението: Ултиматим за Марко Силва на клупата на Евертон

Менаџерот на Евертон, Марко Силва, ќе добие само уште една шанса да си го спаси тренерското место на „Гудисон Парк“. Според информациите во англиските медиуми, менаџерот на „карамелите“ е под голем притисок за работното место по вчерашниот пораз од 2:0 на домашен терен од Норвич.

Главниот акционер Фархад Мошири синоќа имал состанок со колегите директори, вклучувајќи го и претседателот Бил Кенвајт и спортскиот директор Марсел Брендс, на која главна тема била кризата во клубот.

42-годишниот Португалец, кој е менаџер на Евертон од јуни 2018 година, исто така имал средба со Мошири и Брендс, на која според шпекулациите, му било кажано дека нема да толерираат следни неуспеси. Ултиматумот кој го добил Силва е успех на следниот меч со Лестер или отказ пред градското дерби со Ливерпул.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата