x

Мото ГП сезоната ќе има само 13 трки, старт на 19 јули во Шпанија

Светското првенство во мотоциклизам ќе започне на 19 јули со трката за ГН на Шпанија на патеката во Херез, објави денеска Меѓународната федерација за мотоциклизам.

Поради пандемијата на коронавирусот, досега се одржа само една трка, онаа на 8 март во Катар и тоа само во Мото2 и Мото3 првенствата, додека во кралската класа немаше ниту една трка.

Новиот календар за сезоната 2020 вклучува 13 трки, распоредени од 19 јули до 15 ноември. Сите тие се во Европа, од кои седум се во Шпанија. Постои можност да се одржат уште четири трки надвор од Европа, во периодот од 22 ноември до 13 декември, во Тајланд, Малезија, САД и Аргентина.

Досега се откажани осум трки, оние во Катар, Холандија, Германија, Финска, Велика Британија, Австралија, Јапонија и италијанската во Мугело.

19 јули: ГН на Шпанија (Херез)

26 јули: ГН на Андалузија (Херез)

9 август: ГН на Чешка (Брно)

16 август: ГП на Австрија (Спилберг)

23 август: ГП на Штаерска (Спилберг)

13 септември: ГП на Сан Марино (Мисано)

20 септември: ГП на Емилија Ромања (Мисано)

27 септември : ГП на Каталонија (Барселона)

11 октомври: ГП на Франција (Ле Манс)

18 октомври: ГП на Арагон (Алканиз)

25 октомври: ГП на Теруела (Алканиз)

8 ноември: ГП на Европа (Валенсија)

15 ноември: ГП на Валенсија Валенсија)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата