x

МОТО ГП: Ринс победи во Арагон, а Жоан Мир е лидер во генералниот пласман

rins-e1603031017457

Каква сезона во Мото ГП шампионатот. Десет етапи и дури осум различни победници. Денеска на патеката во Арагон, за прв пат сезонава триумф на Шпанецот Алекс Ринс кој за 0,2 секунди беше побрз од Алекс Маркез од Репсол Хонда. Маркез тргна од 11 позиција и на крајот успеа да стигне до второто место на подиумот што е подвиг за почит. А третото место на подиумот му припадна на Шпанецот Жоан Мир.

А по оваа трка се случи и пресврт во генералниот пласман. Жоан Мир од Сузуки Екстар сега е лидер во генералниот пласман и тој е првиот возач на Сузуки кој избил на чело на табелата по 2000 година. Фабио Квартараро кој стартуваше од пол-позицијата имаше проблеми и лош пласман (дури 18 место) поради што го предаде првото место.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата