x

МОТО ГП: Конечно и Мир победи – лидерот ја „освои“ Валенсија

mir-e1604846712486

Лидерот во генералниот пласман во Мото ГП шампионатот Жоан Мир конечно стигна до првиот триумф сезонава. Шпанецот победи на Европското ГП во Валенсија. Тој стана деветтиот различен победник во Мото ГП 2020 шампионатот и со тоа е израмнет рекордот од најмногу различни победници во една сезона поставен во 2016.

Втор на денешната трка на патеката „Рикардо Тормо“ заврши Алекс Ринс, а трет Пол Еспаргаро кој вчера триумфираше во квалификациите. Четвртото и петтото место ги пополнија Накагами и Оливеира.

„Е, ова ми недостасуваше. Конечно дојде моментот за триумф“, без првите зборови на Мир.

Во генералниот пласман води Мир со 162 поени, втор е Фабио Квартараро со 125, а трет Алекс Ринс исто така со 125 поени.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата