Дваесет и четиригодишен мотоциклист од селото Дебреше, гостиварско е приведен синоќа во Гостивар.

Како што јави МВР, тој управувајќи мотоцикл не застанал на наредба од полициски службеник кој вршел службени дејствија, а потоа го удрил со мотоциклот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: Makfax