Четириест и седумгодишен скопјанец вчера се здобил со тешки повреди во сообраќајна незгода.

Како што информираат од МВР, до несреќата дошло на автопатот Скопје-Велес, во близина на Катланово, кога мотоциклистот изгубил контрола, удрил во оградата од автопатот и паднал.

Тој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax