Централната банка на Русија своето злато го чува дома, затоа што само во Русија тоа може да биде сосема безбедно, соопштил претседателот на одборот за финансии во руската Дума, Анатоли Аксаков.

Одговарајќи на прашање за одлуката на Турција да го врати своето злато од Америка, тој рекол дека Русија нема резерви на злато во САД.

„Имаме само девизни резерви во странство. Никој не може да го допре нашето злато“, рекол Аксаков.

Руските резерви ги сочинуваат девизите, специјални хартии од вредност, резервната позиција во ММФ и златото. Количината на злато порасна за 52,88 тони и достигна 1,86 илјади тони. Русија е најголем светски купувач на злато и трет по големина произведувач. Во последните неколку годни земјата значително го зголеми купувањето злато.

извор: Makfax