Убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во напад на САД во Ирак ќе резултира во зголемени тензии на Блискиот исток, велат од руското Министерство за надворешни работи.

„Го сметаме убиството на Сулејмани во американски ракетен напад во предградието на Багдад како авантуристички потег што ќе доведе до растечки тензии низ целиот регион“, вели извор од руското МНР за ТАСС.

Тој додаде дека Сулејмани служел со цел заштита на иранските национални интереси и дека Русија изразува сочувство до иранскиот народ.

Претходно и претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Советот во Русија, Константин Косачов, оцени дека убиството на командантот на елитната иранска единица Кудс во корпусот на Исламската револуционерна гарда, Касем Сулејмани, може да предизвика нови судири меѓу радикалните шиити во Ирак и припадниците на американската војска.

извор: Makfax