Рускиот претседател, Владимир Путин остварил телефонски разговор со германската канцеларка, Ангела Меркел, и во оваа прилика, тој изразил надеж дека Германија ќе влијае врз Украина во однос на ситуацијата со тесенцот Керч, со цел да се спречи Киев да донесе брзи одлуки, соопшти Кремљ по разговорот на светските лидери.

„Владимир Путин ја прозинесе својата оценка за провокативните акции од украинската страна и грубото кршење на меѓународното право, кога украинските поморски бродови намерно ги игнорираа правилата за мирно поминување низ територијалните води на Руската Федерација”, се наведува во соопштението на Кремљ, пренесува ТАС.

Путин исто така на германската канцеларка и рекол дека Киев е целосно одговорен за ситуацијата во Керч, бидејќи создал уште еден конфликт, додава руската агенција.

извор: Makfax