Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Кипар изјави дека Москва е подготвена да помогне во посредување во разговорите со Турција за истражување на гас и нафта на истокот на Медитеранот.

„Што се однесува до вашите односи со Турција, ние сме подготвени да промовираме дијалог, прагматично заснован на заеднички интереси и во потрага по одлуки што ќе бидат фер и засновани на меѓународното право“, рече Лавров на состанокот со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес во Никозија, објави Ројтерс.

Русија ги смета за неприфатливи сите чекори што можат да доведат до натамошна ескалација на напнатоста на истокот на Медитеранот, додаде Лавров подоцна на прес-конференција.

извор: Makfax