x

Морис повторно се извинува: Заслужив да бидам исклучен

morris-doncic

Кошаркарот на ЛА Клиперс, Маркус Морис беше исклучен на синоќешниот шести натпревар од првата рунда на плеј-офот, поради неспортски фаул над Лука Дончиќ. Клиперс славеа во серијата со 4:2 и обезбедија пласман во втората рунда.

Маркус Морис го удри Дончиќ при еден влез на Словенецот, по што настана инцидент, а Морис беше исклучен поради неспортска лична грешка.

„Заслужив да бидам исклучен. Мислам дека имавме жестоки дуели во текот на целата серија, ова беше вистинска „машка“ плеј-оф серија. Не сакам луѓето да мислат нешто погрешно, јас едноставно играв кошарка малку поцврсто и немав намера да повредам некого. Хардавеј имаше неколку силни фаули врз Пол Џорџ, но немаше хаос околу тоа“, рече Маркус Морис, ден по мечот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата