Вечерва околу 19 часот, поранешниот војник на ОВК, Томор Морина, пристигна во Косово, откако денеска беше ослободен од притвор во земјава. Србија бараше екстрадиција на Морина.

Како што пренесе Коха.нет, Морина не сакал да даде изјава на граничниот премин Блаце, а членови на неговото семејство потврдиле дека неговото здравје е добро и дека бил добро третиран од властите во Македонија.

Кривичниот суд, постапувајќи по барањето од Србија преку Интерпол, одлучи дека не се исполнети условите за негова екстрадиција, што беше потврдено и од Врховниот суд.

извор: Makfax