x

Мориентес стана шеф во италијански клуб

moriente

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Ливерпул и шпанската репрезентација Фернандо Мориентес е именувам за технички директор во новоформираниот италијански клуб Расинг Капри. Неговата задача е да открива талентирани млади фудбалери за клубот.

Расинг Капри е дел од новоформираниот спортски консорциум, во кој влегуваат уште шпанскиот Расинг Мурсија и американскиот Расинг Сакраменто.

Откако ја прекина тренерската кариера во 2015 година Мориентес работеше како тренер, прво во младинските категории на Хуракан од Валенсија и на Реал Мадрид, а потоа беше прв тренер на Фуенлабрада.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата