Морето витален интерес на Словенија
Словенечкиот претставник во Европскиот парламент Јелко Кацин категорично изјави дека илезот на отворено море е од витален интерес на Словенија од кој нема отстапување: “Не можеме да имаме помалку право од она што го имавме во Југославија и затоа ќе мораме да настојуваме на тоа”, додаде Кацин на прес-конференцијата. За сите грешки во политиката кон Хрватска тој ја обвини владата на Јанез Јанша.