Кошаркарот на Црвена ѕвезда и српскиот репрезентативец Огњен Кузмиќ доживеал стравична сообраќајна несреќа на магистралниот пат Бања Лука – Приједор. Кузмиќ возел Порше СУВ кога се судрил со возило од марката Бе-ем-ве. Двете возила се потполно уништени, а во несреќата се повредени четири лица. Судејќи по изгледот на возилото на кошаркарот вистинско чудо е како останал жив.