Аргентинскиот интернационалец Сантијаго Солари по многу перипетии во изминатиот летен преоден рок мина од Реал (М) во Интер. Тој на “Џузепе Меаца” требаше да се пресели во јануари 2003 година како дел од трансферот на Роналдо од таборот во “нероазурите”, но долго време се противеше на преселбата во Италија. Сепак, како слободен играч реши да замине во градот на модата и згреши. Наместо на теренот, Солари најчесто се наоѓа на клупата за резерви, а настапите можат да му се избројат на прсти. Тој паузира во Серија А и Лигата на шампионите и единствена шанса да ги покаже квалитетите се настапите во Купот на Италија.
Затоа, навивачите на Интер, сакајќи да се пошегуваат, од претседателот на клубот Масимо Морати побараа да најми нов член на семејството Солари во екипата. Се работи за неговата сестра Лиз Марија, која е еден од најатрактивните млади фотомодели во Аргентина. Публиката на стадионите ќе биде позадоволна со гледањето на убаво лице и тело, а и Морати ќе може да ја искористи за фотосеанси за добро познатиот календар на неговата фирма “Пирели”.