Во близина на влезот за кочанското село Тркање, мопед „Априлија“, управуван од Т.Т.(19) од с.Тркање, на кој превезувал и 14-годишно лице, удрил во 16-годишен пешак од истото село.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

извор: Makfax