x

Монтереј e противникот на Ливерпул на Светското клупско првенство (видео)

Шампионот на Северна и Средна Америка, мексиканскиот Монтереј е противникот на Ливерпул во полуфиналето на Светското клупско првенство во Доха. Четирикратниот шампион на КОНКАКАФ зоната со 3:1 го совлада домаќинот Ал Сад предводен од некогашниот член на Барселона Чави.

Резултатот го отвори поранешниот лев бек на Милан Вањони со прекрасен гол од далечина, а потоа Роберто Фунес зголеми на 2:0. Бунеџа намали во 66 минута, а Пизаро во 77 зголеми на 3:1 за во финишот катарскиот шампион да го ублажи поразот со погодокот на Хасан.

Најголемиот успех на Монтереј на светскиот шампионат беше трето место во 2012 година.

Првото полуфинале ќе се игра на 17 декември помеѓу Фламенго и Ал Хилал, додека ден подоцна е мечот помеѓу Монтереј и Ливерпул.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата