x

МОНТЕЛА НЕКА МУ ЈА МИСЛИ: Рома со убедлива победа ги однесе бодовите од Фиренца

Екипата на Рома ја збриша Фиорентина со 4:1 на „Артемио Франки“ во Фиренца во рамките на 17 коло на италијанската Серија А. Навивачите на трибините можеа да уживаат само во првите 45 минути додека „Виола“ донекаде се држеше и имаше негатива од само 1:2 (погодија Џеко и Коларов, а трошка надеж донесе Бадељ). Во второто полувреме на виолетовите им немаше спас. „Волчицата“ го покажа сиот свој раскош и гризеше од сите страни. Лоренцо Пелегрини зголеми на 3:1, а во финишот младиот Николо Заниоло ги постави конечните 4:1. Сега ни Влаховиќ не ги спаси од колапс како што ги извлече во дуелот со Интер со голот во судиското продолжение.

Фиорентина нема победа седум првенствени натпревари што е дополнителен притисок за стратегот Винченцо Монтела. Нема да биде чудно ако во сабота на масата го чека отказ. Уште пред овој меч неговото столче беше сериозно раздрмано, но сега се чини дека се скрши.

Уште поинтересно е што Фиорентина остана само со една победа во 11 натпревари во Серија А одигрании во петок, а таа е од декември 2017 година.

Рома го запиша петиот меч без пораз, а има четири победи.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата