Зоран Атанасовски, попознат како Монси (за кој се шушка дека ќе биде евровизискиот креатор годинава), викендов ни крив ни должен за малку ќе настрадаше. Прво, му се случи на македонско-српската граница да биде претресуван и испитуван, а нему причината не му била јасна. Полицајците кога ја увиделе грешката љубезно му објасниле дека се во потрага по човек со истото име и презиме, но дека не ја знаат негова година на раѓање. Нејсе, Монси куртулил првиот пат, и спокојно отпатувал во Белград. Но, истото го снашло и на враќање. Повторно истата процедура, овој пат со другата смена на полицајци. Монси веќе имал “искуство” и им објаснил за забуната, па така вториот пат полесно се извлекол.