x

МОНИКА И НАТАША: Сонот за Токио води преку Париз и тој ке трае до 2021 година

? Сестрите шампионки Моника и Наташа Стефановски наши гостинки за Велигден. Каратето како и сите спортови мируваат поради коронавирусот.

? „Борба до последен здив и многу тепање…“, тоа е најавата на двете шампионски во случај да се најдат во финална меѓусебна битка за пласман на ОИ во Токио


Во годината во која сите очекувавме Олимпијада и спортски возбудувања од Токио ни се случува пандемија, паника и комплетно откажување на најголемиот спортски настан на планетата. Токио закажа собир на најдобрите спортистки за следната 2021 година.

На овој настан за првпат ќе дебитира и каратето како спорт. Во Македонија имаме успешни каратисти, а својот сон за настап на најголемото спортско натпреварување го сонуваат и сестрите Моника и Наташа Стефановски. Две шампионки, две девојки кои зад себе имаат забележителна кариера.

“Го сонуваме сонот за Токио но овој сон ќе трае една година подолго. Оваа пауза и одлагање за мене е добредојдено затоа што за разлика од Моника јас добивам втора шанса за настап на главниот турнир на кој ќе се добиваат визи за настап на Олимпијадата“, коментира Наташа Стефановска, која исто како и нејзината сестра Моника шансата за пласман на ОИ ја гледаат во добар настап на турнирот во Париз кој е одложен за следната година.

„Каратето во Токио наша среќа ќе биде за првпат на програмата, но за жал и последен пат на Олимпијадите. Ова е шанса за сите нас во Македонија кои се занимаваме со овој спорт. Ова е шанса која ја немале генерациите пред нас но и оние после нас. Затоа ќе дадеме се од себе да избориме добар резултат во Париз на завршниот турнир за пласман на ОИ“, напоменува Моника која како актуелен државен првак во својата категорија веќе се има фокусирано на Токио, а тој сон води само преку успех на турнирот во Париз кој најверојатно ќе се случи идната година.

Спортистите се соочуваат со проблем во текот на пандемијата. Сите спортски настани се во мирување па така и каратетото. Наташа Стефановска е оптимист и се надева дека каратистите и останатите спортисти многу брзо ќе се вратат на борилиштата.

“Каратето е спорт кој не бара некои екстра услови за тренинг. Кондицијата ја одржуваме со трчање на кејот на реката Вардар. И дома импровизираме па така се одржуваме во форма. Некогаш знаеме и да се „потепаме“ малку со што ни недостигаат само официјакни натпревари“, на шега коментира Наташа за нејзините дуели со сестрата Моника.

На нашето прашање: Што доколку двете се најдат во меѓусебна битка за пласман на Олимпијадата во Токио!?, Моника рафално “удира“…

“Е, тука ќе има битка без штедење и до последен атом. Ќе има многу тепање и ќе нема сентименталности…. Сепак тоа не е можно во теорија Двете се натпреваруваме во различна категорија но никогаш не вели никогаш“.

Двете наши успешни каратистки откриваат дека на самитот во Париз во секоја категорија ќе има по 200 натпреварувачи за 7 места кои водат на ОИ. Затоа за каратистите потежок е моментот да се избори место за пласман на Олимпијадата отколку самиот настап во Токио каде со две борби може да се стигне до медал. Покрај Моника и Наташа Стефановски сонот за пласман на Олимпијадата во Токио го сонуваат уште десетина наши каратисти. Да се надеваме дека сите тие ќе успеат во мисијата и барем еден од нив ќе обезбеди пласман на најголемиот спортски настан кој наместо оваа ќе се одржи идната 2021 година.

? МОНИКА СТЕФАНОВСКА  – Повеќе од 10 години Национален шампион во Сениори во категорија – жени борби.

*5. место на ЕП за помлади сениорки во Баку (Азербејџан) во 2012.

*3. место на Медитеранско првенство во Бар (Ц.Гора) во 2015.

*7. место на ЕП во Будимпешта (Унгарија), во 2013.

*5. место на Светска премиер лига во Ротердам (Холандија), во 2017.

*5. место на Светска премиер лига во Салцбург (Австрија), во 2017.

*Повеќекратен државен првак и најуспешна сениорка ви земјава за 2019 година.

? НАТАША СТЕФАНОВСКА – Повеќе од 10 години Национален шампион во Сениори во категорија – жени борба.

*5. место на ЕП во Монпеље (Франција), во 2016 година.

*5. место, екипно борби на ЕП во Истанбул (Турција), во 2016 година.

*7. место, жени борба на ЕП во Истанбул (Турција), во 2016 година.

*3. место во помлади сениори на ЕП во Измир (Турција), во 2010 година.

*2. место на Светска премир лига во Дордрехт (Холандија), во 2012 година.

*3. место на двата турнири од Светска премиер лига во Салцбург во 2015 и 2016 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата