Моника Белучи годинава ќе наполни 56 години, но и натаму е на врвот на листата со најубави жени во светот. Италијанската актерка со години е поддржувач на кампањата „Сидакшн“, со која  од 1994 година се подига свеста за сидата.

Во склоп на акцијата редовно се организираат добротворни вечери на кои се собираат пари за лекување и истражување на оваа болест.

Моника уште еднаш ја изрази својата поддршка присуствувајќи на гала-вечерата организирана во прекрасниот павилјон „Камбон Капусинс“ сместен во срцето на Париз.

Познатата актерка носеше црн фустан и уште еднаш докажа колку вистина има во старата изрека, која вели дека помалку е повеќе.

Таа веќе две години е во врска со 19 години помладиот Николас Лефвр, со кого живее во Париз.

извор: Makfax