Управата на Света Гора донесе одлука да покрене судска постапка против деветмина монаси-шизматици, со што се очекува да се стави крај на нивниот долгогодишен конфликт околу сопственост над еден манастир, јави Франс-прес. Деветтемина монаси од манастирот “Есфигменосè идниот петок треба да се јават пред судот во Солун, за да одговорат на обвинението за посегнување врз општествена сопственост, пишува МИА.
Со судскиот спор Управата на Света Гора бара да и биде вратена сопственоста над манастирот во кој сега престојуваат околу 80 монаси-шизматици. Монасите, кои и се противставуваат на светогорската хиерархија и беа исклучени од православната црква во 2002 година, живеат изолирано зад карпите на “Есфигменосè. Деветтемина обвинети монаси се сметаат за лидери на бунтовничката монашка заедница. Тие се обвинети дека незаконски го окупирале манастирот од есента минатата година. Монасите можат да добијат казни до пет години затвор.