x

Монако остана без шест играчи за само еден ден

Монако остана без шестмина играчи во текот на вчерашниот ден, откако фудбалерите го напуштија тимот поради истекување на договорите или позајмиците.

Голманот Диего Бенаљо, потоа Сиду Ју и Муси Сила си заминаа, откако им истекоа договорите со тимот од кнежеството.

Исто така дел од Монако во новата сезона нема да бидат Бакајоко, Адриен Силва и Ислам Слимани поради тоа што им истекоа позајмиците, и нема да бидат откупени од страна на францускиот тим.

Претходно екипата ја напушти и голманот Даниел Субашиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата