x

Монако го oтпушти Морено, прв „пик“ екс-предводникот на Баерн

Тимот на Монако остана без тренер. Роберто Морено доби отказ од тимот и тоа шест месеци откако беше назначен, а тимот од кнежеството ќе се сврти кон хрватскиот тренер Нико Ковач.

Морено кон крајот на минатата година дојде во Монако, но издржа само шест месеци, односно помалку, со оглед дека сезоната беше прекината предвреме поради коронавирусот.

Нико Ковач се споменува како негов наследник. Исто така за Ковач има интерес и од Динамо Загреб, за кого Здравко Мамиќ кажа: „За него би тргнал пешки до Германија, и би го носел до Загреб на рамења“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата