x

Момче со топка во празниот град ја растажи ѕвездата на Рома

„Il Corriere della Sera“ објави симпатична и помалку тажна фотографија на која едно момче, фан на Рома, низ улиците на Милан (да, да добро прочитавте) си игра со фудбалска топка.

Градот е празен, во Италија е добро познато дека сите се во карантин, но страста на ова момче пресуди да излезе со топка во  дресот на Николо Заниоло, кој веднаш се огласи на социјалните мрежи.

„Не знам како си, но горд сум што те гледам во мојот дрес. Знам дека сега е тешко и чудно да играш фудбал во празен град, но кога ќе се среди се, сакам да ми пратиш една фотографија како си играш со останатите деца, а јас ќе те чекам во тренинг центарот на Рома“,

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата