Ноќеска околу 01 часот во СВР Скопје, В.А. (29) од с. Волково, скопско, пријавил дека истиот ден околу 00.30 часот пред штаб на политичка партија во с. Волково, А.Л.(27) од истото дело почнал да удира по неговото патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, при што скршил едно стакло.

Полициски службеници излегле на местото , по што А.Л. и Д.Л. (59) почнале агресивно да се однесуваат и кон полициските службеници.

По целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.