Дваесетишестгодишниот Никола Н. денеска е уапсен поради убиството што се случило утрово околу 4 часот во неговата семејна куќа во населбата Баташево во Младеновац, Србија, пренесува „Блиц“.

Во несреќата настрада 19-годишниот Никола Г., кој откако неколку пати бил избоден со нож починал на лице место.

Според неофицијалните информации, на злосторството присуствувало и трето момче, пријател и на жртвата и на напаѓачот, кој исто така е приведен.

Наводно, и трите момчиња биле познати како конзументи на наркотици.