x

Момци, ова е тоа: Згазете ја Грузија и станете МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ!!!

najava-so-gruzija

Оваа генерација на Пандев ја има таа среќа да ја испише нашата фудбалска историја. Три децении чекаме на нешто големо и вечерва имаме ЗЛАТНА и ИСТОРИСКА шанса да дојдеме до тоа нешто ГОЛЕМО. А тоа е пласман на едно ЕП. Остануваат само уште 90 минути, останува само да се прескокне последната пречка. Да, точно дека се игра на нејзин терен, но ние веруваме во вас, веруваме во Мрме, веруваме дека можете да ја победите таа Грузија и да донесете неповторлива спортска радост на овој народ.

Сите очи се вперени кон вас, сите наши срца ќе чукаат за вас, сите наши желби се испратени кон вас во Тбилиси, сите наши позитивни вибрации се испратени кон вас.

Момци, ова е тоа. Ова е моментот кој оваа Македонија, оваа држава, овој народ го чекаше и го дочека, сега само треба да се потврди вашиот квалитет, вашиот мотив, вашата храброст и одважност.

Сега е моментот да покажете дека имате големо, победничко срце. Да покажете дека и оваа држава има победнички менталитет, токму сега кога е најпотребно.

Ќе биде тешко, Грузија се ќе стори да биде таа која ќе ја испише својата историја, но ние нели сме МАКЕДОНЦИ, нели ние имаме мотиви до небо, нели вие сте најдобрата фудбалска генерација.

Видете, во вашата земја веќе се чувстува таа победничка атмосфера, никој ама баш никој не помислува на неуспех, скраја да е. Сите ние знаеме дека сме подобри од нив, дека сме поталентирани, дека го имаме Горан Пандев кој доби задача од селекторот Игор Ангеловски да ги поведе момците во уште една, голема и пресудна битка, да ги поведе на пат кон ЕВРО.

Горане ти знаеш како треба, си минал многу вакви моменти во твојата клупска кариера. Сега е моментот кој го сонуваше како дете во твојата Струмица дека еден ден ќе играш на ЕП или СП, да го оствариш.

Горане, ова е тоа.

МОМЦИ, ова е тоа. Затоа вечерва од 18 часот излезете на теренот на “Динамо Арена“ во Тбилиси, згазете ја таа Грузија и станете МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата