x

Момент за историја: Тренер истовремено направи четири измени

На мечот меѓу Дармштат и Санкт Паули во 27 коло на Втората Бундес лига беше забележан еден момент за историја. За првпат на натпревар, еден тим направи четири измени истовремено.

Во 60-тата минута тренерот на Ст.Паули Јос Лухукај реши да го промени стилот на игра и извади четворица играчи и внесе нови четворица. Ова е за првпат на официјален меч, досега вакво нешто се гледаше на пријателски мечеви во договор меѓу екипите.

Поради пандемијата со коронавирусот Интернационалната фудбалска асоцијација дозволи барем до крајот на оваа сезона секој тим да може да изврши пет измени на натпреварите наместо како до сега три. Свесни дека фудбалерите после два месеци пауза ќе имаат проблем да продолжат со фудбал и ќе бидат подлежни на повреди. Вака му се овозможува на секој тим да направи баланс.

Дармштат го победи Ст.Паули со 4:0.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата